Daily Tour
Неограничено
___
Св.Стефан- Будва – Дубровник – Котор -Тиват – Порто Монтенегро
*МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА
30.12-02.01.2025 – 2 ноќевања
1 ден : 30.12.2024 (Понеделник) Велес
Состанок на групата . Бесплатни трансфери за патниците од Кавадарци,Неготино,Штип.Поаѓање од Велес за Црна Гора во вечерните часови-попатно земање на патници од Скопје и Куманово . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден : 31.12.2024 (Вторник)- Будва -Св.Стефан
Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот…или прошетка за кафе или ручек по кејот на Словенска плажа во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Во вечерните часови музичка програма за дочек на Новата година со некои од најголемите музички имиња пред платото на Стариот град .Ноќевање.
3 ден : 01.01.2025 (Среда) Будва – Дубровник – Будва
Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со концерт пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.
4ден : 02.01.2025 (Четврток) Будва – Котор -Тиват – Порто Монтенегро – Велес
Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола …. Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина со единствен поглед на Которскиот залив. Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси.Индивидуално време за уживање и фотографирање.
Тргнување за Македонија попладне со попатни паузи и царински формалности.
Очекувано пристигнување во Велес во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ………..119 ЕУР (7380,00 мкд )
ПРОМО ЦЕНА 99 ЕУР 6140,00 мкд
Во цената се вклучени следните услуги:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
– 2 ноќевања , сместување во вили;
– Организација, реализација и лиценциран придружник за време на целото патување.
Во цената не е вклучено:
– Посета на Дубровник 30 еур;
– Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро…..15 еур;
– Влезници за музеите и културно историските споменици;
– Задолжително патничко и здравствено осигурување;
– Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
– Уплата исклучиво во денари.