Daily Tour
Неограничено
___
Термин: 28 Декември
1 ден 28.12.2024СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 12.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 12.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 29.12.2024БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел… Ноќевање.
3 ден 30.12.2024БУДИМПЕШТА –ВИЕНА Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање
4 ден 31.12.2024 БУДИМПЕШТА – ЕСТЕРГОМ – ВИШЕГРАД – СЕНТ АНДРЕА По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Враќање во хотел. ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД. Ноќевањe.
5 ден 01.01.2025БУДИМПЕШТА Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 02.01.2025СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31 ОКТОМВРИ: 199 €/ 12.340 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 €/ 14.200 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа-Вишеград-Естергом – 130€
НАПОМЕНИ: