КСАМИЛ -ВИЛА КЛЕОН – АЛБАНИЈА

0 (Нема коментари)
From: €0,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

ор

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

ВИЛА КЛЕОН – КСАМИЛ, АЛБАНИЈА


Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.


Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила КЛЕОН е нова вила која и се наоѓа на само 100 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 100 метри  од центарот на Ксамил. Pасполага со двокреветни со дополнително легло, трокреветни соби и трокреветни соби со дополнително легло на приземје, со комплетно опремена сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

15% попуст за резервација и целосна уплата до 31.01.2024
10% попуст за резервација и целосна уплата до 29.02.2024
5% попуст за резервација и целосна уплата до 30.04.2024

ВИЛА КЛЕОН
Термин Ноќевања 1/2 студио 1/3 студио
01.06 – 08.06 7 159 179
08.06 – 15.06 7 189 209
15.06 – 22.06 7 219 239
22.06 – 29.06 7 249 269
29.06 – 06.07 7 319 339
06.07 – 13.07 7 359 379
13.07 – 20.07 7 399 409
20.07 – 27.07 7 399 409
27.07 – 03.08 7 399 409
03.08 – 10.08 7 399 409
10.08 – 17.08 7 399 409
17.08 – 24.08 7 379 399
24.08 – 31.08 7 329 349
31.08 – 07.09 7 219 239
07.09 – 14.09 7 199 219

 

Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

Напомени:

  • ДОПЛАТА ЗА + 1 ДОПОЛНИТЕЛНО КРЕВЕТЧЕ ЗА ДЕТЕ ДО 15 ГОДИНИ Е 5 ЕВРА НА ДЕН!!!
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Попусти:

  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 

Опис на сместувањето:

  • 1/2 – Студио на приземје
    • Студиото е 18м2, има голем брачен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.
  • 1/3 – Студио на приземје
    • Студиото е 22м2, има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.

Локација мапа

Од: €0,00
Вкупно
€0,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options