За нас

Нашата приказна Основана во 2016 год., Гранд Травел ВИП брзо го постигна својот успех во областа на туризмот како дел од големата меѓународна групација со главно седиште во Штип, Македонија. Така, станавме дел компаниите за управување со туристички дестинации во Македонија , Балканот и Светот. Нашата главна канцеларија е во Штип.

Наша мисија

Гранд Травел ВИП во Mакедонија беше формирана од ентузијасти со солидно познавање на туризмот кои што сакаа да го поедностават патувањето и да го направат светот достапен на сите. Нивната цел беше да се прошират границите на обичното патување со создавање тим кој што знае да го направи целото патување попривлечно, пофлексибилно и поудобно.

Ние Ви нудиме пакети направени по Ваш вкус, според Вашите барања и буџет. Се’ што треба да направите е да се спакувате и останатото да ни го препуштите нам.

Постојано работиме на подобрување на услугите и квалитетот, а со тоа ја прошируваме и нашата мрежа на партнери.

За кратко време станавме една од најискусните агенции во регионот, а со напорна и транспарентна работа ја стекнавме довербата кај нашите клиенти. Благодарение на нашето знаење, искуство и пристап до ексклузивни цени, Ви овозможуваме да го збогатите вашето животно искуство со патувањата.