КСАМИЛ – ВИЛА АЛЕКС – АЛБАНИЈА

0 (Нема коментари)
From: €0,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

ор

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

ВИЛА АЛЕКС – КСАМИЛ, АЛБАНИЈА


Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI. 

15% попуст за резервација и целосна уплата до 31.01.2024
10% попуст за резервација и целосна уплата до 29.02.2024
5% попуст за резервација и целосна уплата до 30.04.2024

ВИЛА АЛЕКС
Термин Ноќевања 1/3 студио 1/3+1 студио 1/3+1 приземје
01.06 – 08.06 7 179 189 189
08.06 – 15.06 7 209 219 219
15.06 – 22.06 7 239 259 259
22.06 – 29.06 7 269 279 279
29.06 – 06.07 7 339 349 349
06.07 – 13.07 7 379 389 389
13.07 – 20.07 7 399 409 409
20.07 – 27.07 7 399 409 409
27.07 – 03.08 7 399 409 409
03.08 – 10.08 7 399 409 409
10.08 – 17.08 7 399 409 409
17.08 – 24.08 7 379 399 399
24.08 – 31.08 7 349 359 359
31.08 – 07.09 7 239 259 259
07.09 – 14.09 7 219 239 239
14.09 – 21.09 7 159 169 169
21.09 – 28.09 7 139 149 149


Напомени:

  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Попусти:

  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

 

Плаќање:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 

Опис на сместувањето:

  • 1/3 – Студио на прв спрат со поглед кон градот
    • Студиото има голем брачен кревет + едиченен кревет, балкон, поглед кон градот, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/3+1 – Студио на приземје
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + двосед кој не се пушта, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни  + 1 дете до 11,99  + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/3 + 1 – Студио на прв спрат со поглед на море
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 години + 1 дете до 4,99 години.

Локација мапа

Од: €0,00
Вкупно
€0,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options