А
Daily Tour
Неограничено
___
Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Сус, на 140 км од аеродромот во Тунис. Излегува на сопствена песочна плажа. Во близина се наоѓа трговски центар, кафулиња и дискотеки.
Сместување: 650 соби во една главна зграда. На располагање до собите се 6 лифтови. Уредени се во ориентален стил, со бања, TV со сателитски канали, телефон, мини бар – со доплата.
Хотелски содржини: Хотелот располага со рецепција, голем отворен базен со мостови, детски базен, внатрешен загреан базен, главен ресторан и А`la Carte ресторани. Во текот на летото функционира ресторан на отворено Neptune, помеѓу плажата и базените; 7 барови, 6 лифтови, сеф на рецепција, менувачница, фризер. Wi fi интернет на јавните површини.
Спорт и забава: Покрај целодневните анимации, хотелот нуди СПА и фитнес центар, дискотека, детски клуб (4-10 години), анимации за деца, спортски активности покрај базенот и на плажа, вечерни шоу програми: кабаре, танц.
Плажа: Има сопствена песочна плажа.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси – се плаќаат на рецепција во хотелите
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.
» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.