Daily Tour
Unlimited
___
Локација: Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol, 7км од Сиде и 70км од аеродромот во Анталија.Сместување: Хотелот има вкупно 496 соби. Сите соби се опремени со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува ос вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон.
Содржина: Хотелот има главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Sultan – Турска кујна и Carpaccio – Медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, Disco club, бар за закуски на плажа. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се услуги кои се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во лоби, јавни места и соби е бесплатен.
Спорт и Забава: Хотелот има надворешни и внатрешни (затворени во лето) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, бања со пареа, пинг понг, одбојка на плажа. Услуги со доплата: спортови на вода, билијард, компјутерски игри, SPA центар и центар за убавина и масажа. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми.
Плажа: Хотелот има приватна песочна плажа, која е оддалечена 250 метри од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа за гостите.