НЕA МАРМАРАС- Вила „Sole A Mare“

0 (Нема коментари)
From: €0,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

Вилата Sole A Mare се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија.

Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри. Располагаме со двокреветно студио и четирикреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизори и клима уреди чие користење  е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

– Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

–  Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот

– Цена на повратен билет –45 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-35 евра…Цена за билет во еден правец 30 евра; деца од 2-12 години- 25 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата. Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

Апартман бр.A2 (поглед на море)

Простран четирикреветен апартман со две соби кој се наоѓа на прв спрат во вилатаВо првата просторија има еден кауч (софа) на кој можат да спијат две возрасни лица бидејќи откако ќе се расклопи се добиваат два единечни лежаи со нормални димензии. Во собата има и една фотелја на расклопување со нормални димензии, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на пространа тераса која има поглед на улица и директен поглед на море, опремена со маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората соба има еден дупли кревет и мебел, а од собата се излегува на истата тераса која од овој дел има директен поглед на море. Апартманот е опремен со два телевизора и две клими, по еден во секоја соба. Има мало купатило со модерен дизајн.

Студио бр.А4 (поглед на улица)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и една фотелја на расклопување со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1). Опремено е со мебел, телевизор, клима уред, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на тераса која има поглед на улица, опремена е со маса и столчиња и е заштитена со тенда. Има купатило со нормални димензии и модерен дизајн.

Локација мапа

Од: €0,00
Вкупно
€0,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options