СА
Daily Tour
Неограничено
___
Villa Gregory е лоцирана на еден од влезовите во Ханиоти, веднаш до големиот супермаркет “Masutis”.
Во нејзиниот состав издвоивме шест квалитетно опремени и организирани студија и апартмани за сместување, со различен капацитет и квадратура.
Во зависност од типот, единиците се распоредени на три нивоа (приземје, прв и втор кат). Сопствениот двор, близината на потребните содржини за снабдување и забава, кратката оддалеченост од градската плажа (400м) и центарот на Ханиоти, овој објект веќе со години го издвојуваат како многу интересен за многубројните туристи од регионот. Апартманите се наоѓаат на приземје, а студиата на 1 кат
|
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 04:00 ч. (Дрводекор, спроти хотеl Holiday Inn”)
– Велес, во 04:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 05:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 05:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 06:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.