Daily Tour
Unlimited
___
НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
со посета на Сомбор и Суботица и БЕЛГРАД
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје, Куманово
Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србмина градија.Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021.Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија. Нови Сад се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.
Сомбор град во северна Србија во областа Бачка, на 10тина километри од Хрватска граница(на запад) и Унгарска граница(на север). Тој е административен центар на Западно-бачкиот округ.
Суботица град и општина во северна Србија , во Автономната Покраина Војводина. Се наоѓа на 10 километри од границата со Унгарија . Суботица е најсеверниот град на Србија и втор најголем град на регионот Војводина, помал само од Нови Сад .
Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде штоПанонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул,Атина, и Букурешт.
Прв ден 29.12.2024 (Недела)
Поаѓање во 23:30 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.
Втор ден 30.12.2024 (Понеделник)
Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на градот кој е познат по своето вино.Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава и Карловачката гимназија.
Потоа се продолжува кон Нови Сад – разгледување на градот со локален водич. Посета на Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век а изградбата траела 88 години .Ремек дело на тврдината е пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква. Слободно време . Смесување во хотел.
Ноќевање.
Трет ден 31.12.2024 (Вторник)
Појадок. Факултативен целодневен излет до Сомбор и Суботица .Возење низ идилата на Бачкa. Средба со историја и култура на Војводина и Бачка. Војводина е Европа во минијатура, во неа живеат речиси 30 различни народи. Бачката Низина е една од најплодните почви во Европа. Во оваа екскурзија ќе истражиме два нејзини бисери на архитектурата и културата.
Пристигнување во Сомбор, еден од најзелените градови во цела Србија,градот на фиакерите. Посета на импозантната општинска жупаниска зграда. Впечатокот од убавината на архитектурата ја збогатува и огромната слика која 120 години е изложена во Сомбор. Сликата е од битката кај Сента во 1697 година со која била одмерена судбината на овој дел од Европа. Потоа следи обиколка на централниот дел на Сомбор и уживање во мирот што го нуди: српска читална, куќата на Лаза Костиќ, градско собрание, галерија „Милан Коњовиќ“ и многу повеќе што ги нуди овој мал град. По разгледот, следува слободно време, а потоа продолжување на возењето до Суботица. Суботица е град со најголема концентрација на архитектура во Србија. До половина век бил најголемиот град во Војводина. По пристигнувањето во Суботица, го посетуваме Градското собрание, каде што се кријат многу убави архитектурни мотиви. По обиколката на Градското собрание, следува обиколка на старото јадро: споменикот до царот Јован Ненад, Сино-зелената фонтана, синагогата, катедралата Марија Авила… Слободно време за истражувајќи го овој прекрасен град. Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови.
Вечерта на 31.12.24 за дочек на Нова Година организиран трансфер од хотелот до плоштадот и назад во договореното време.
Ноќевање.
Четврти ден 01.01.2025 (Среда)
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање за Белград, разглед на градот со локален водич: храмот Св. Сава, плоштадите Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
Петти ден 02.01.2025 (Четврток)
Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.
Цена на аражманот:
139 евра (8.620ден) цена до 01.12.2024
159 евра( 9.860ден) Редовна цена
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
2 Ноќевања со појадок во Хотел во Нови Сад,
Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад,
Вечерта на 31.12.24 за дочек на Нова Година организиран трансфер од хотелот до плоштад и назад во договореното време,
Профисионален туристички придружник,
Организација и реализација на патувањето,
Туристичка такса.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Целодневен излет до Сомбор и Суботица 40 евра(миниум 30 патници),
Пешачки разглед со локален водич на Белград 10 евра (задолжителна доплата),
Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карта.
Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
Уплата исклучиво во денари.