About this tour
Програма на патување:
1.Ден 29.12.2024 (недела) СКОПЈЕ – ПАДОВА
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2.Ден 30.12.2024 (понеделник) ПАДОВА – ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во претпладневните часови во Падова, град кој има одлично сочувано градско јадро со бројни цркви и палати кои денес се под заштита на УНЕСКО. Сликовит град со мрежа на густо поврзани улици со аркади кои се спојуваат со градските плоштади како Prato della Valle, Piazza della Erbe, Piazza della Frutta… Сместување во хотел (доколку има услови за Early Check In), време за кратко освежување од патувањето и заминуваме на разглед на градот Венеција. Во договорено време со пратителот се упатуваме кон терминалот Фусина, од каде се качуваме на брод Вапорето и пловиме до Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед каде ќе имате можност одблизу да ги видите:
– Мостот на Воздишките
– Дуждевата Палата (Влез со доплата)
– Црквата Св. Марко (Влез со доплата)
– Плоштадот
– Мостот Риалто
– Каналот Гранде
Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот оставаме слободно време од 4 до 5 часа за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција во новогодишнa атмосфера. Препорачуваме топла облека, бидејќи се патува во зимски период и времето на враќање е вечерно. Во договорено време и место се сретнуваме со пратителот и повторно со брод се упатуваме кон Падова. Враќање во Падова и сместување во хотел. Ноќевање.
3.Ден 31.12.2024 (вторник) ПАДОВА – ФИРЕНЦА – НОВА ГОДИНА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца:
– Плоштадот Сињори
– Палацо и Понте Векио
– Галеријата Уфици
– Дуомото Санта Марија дел Фјоре
– Крстилницата Сан Џовани…
По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во попладневните часови враќање во Падова. Слободно време за одмор и припрема за дочекот на Новата 2025 Година и со топла облека одиме на прослава на отворено на плоштадот Прато дела Вале (Prato della Valle на италијански, Prà dela Vale на дијалектот на Венето) кој е еден од најголемите, но и најнеобични плоштади во светот. Во самиот центар на плоштадот се наоѓа мал зелен остров. Отровот Memia (l’isola Memmia) е опкружен со канал, кој пак е опкружен со два реда на статуи. Самиот остров е поврзан со четри мостови, а во самото срце е поставена фонтана, типично обележје на италијанските плоштади… По дочекот на Новата Година, се враќање во хотел. Ноќевање.
4. Ден 01.01.2025 (среда) ПАДОВА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Верона. Пристигнување во Верона и прошетката во градот на Ромео и Јулија релаксирано со придружникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, се до куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во договорено време во попладневните часови поаѓање за Македонија. Дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
5.Ден 02.01.2024 (четврток) СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во претпладневните часови (доколку нема поголеми задржувања на граничните премини).
ПРОМО цена со пријава на пакет екскурзии – 189€/ 11.718 ден
Редовна цена 209€/ 12.958 ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Цена во евра за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3* во Падова (или околина Венето) на база 2 ноќевања со појадок
– Организирана посета на Падова за дочек на Новата 2025 Година
– Организирана посета на Верона, прошетка до Арената, Виа Мацини, плоштадот Ербе до куќата Јулија
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Превоз со брод вапорето до Венеција – 30€ (доплата на лице место)
– ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАКСА за влез во Венеција 5€ (воведена од 01.05) се плаќа на лице место
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 50€ (доплата на лице место)
– Доплата за туристичка такса (5€ по лице за престој, доплата на лице место)
– Влезници по културно – историските знаменитости
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба 60€/3.720ден
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта)
– Трето лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот
– Дете до 12год. во придружба на 2 возрасни добива 15% попуст на цената на аранжманот (не следи на факултативите)
– Доплата за дополнително седиште во автобус 90€/5.580ден
Важни напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.