БУДВА 2 ноќевања

0 (No Review)
From: €99,00
0
(0 review)
Check
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

About this tour

Св.Стефан- Будва – Дубровник – Котор -Тиват –  Порто Монтенегро

 *МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА 

30.12-02.01.2025 – 2 ноќевања

 

1 ден  : 30.12.202(Понеделник) Велес

Состанок на групата . Бесплатни трансфери за патниците од Кавадарци,Неготино,Штип.Поаѓање од Велес за Црна Гора во вечерните часови-попатно земање на патници од Скопје и Куманово . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. 

           

ден : 31.12.2024 (Вторник)- Будва -Св.Стефан

Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во  приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот…или прошетка за кафе или ручек по кејот на Словенска плажа во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Во вечерните часови музичка програма за дочек на Новата година со некои од најголемите музички имиња пред платото на Стариот град .Ноќевање.

 

3 ден : 01.01.2025 (Среда)   Будва – Дубровник – Будва

Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со концерт пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.

 

4ден : 02.01.2025 (Четврток) Будва – Котор -Тиват –  Порто Монтенегро – Велес

Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола ….  Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина со единствен поглед на Которскиот залив. Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси.Индивидуално време за уживање и фотографирање.

Тргнување за Македонија попладне со попатни паузи и царински формалности.

Очекувано пристигнување во Велес во доцните вечерни часови. 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ………..119 ЕУР  (7380,00 мкд )

ПРОМО ЦЕНА  99 ЕУР 6140,00 мкд

 

Во цената се вклучени следните услуги:

–  Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

–  2 ноќевања , сместување во  вили;

–  Организација, реализација и  лиценциран придружник за време на целото патување.

 

Во цената не е вклучено:

– Посета на Дубровник 30 еур;

– Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро…..15 еур;

– Влезници за музеите и културно историските споменици;

– Задолжително патничко и здравствено осигурување;

– Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).

 

Напомена:

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош или лична карта, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
 Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;

– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;

-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

– Уплата исклучиво во денари.

Tour's Location

From: €99,00
Total
€99,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options