АТИНА

0 (No Review)
From: €179,00
0
(0 review)
Check
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

About this tour

За патувањето

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 евра /11.098 мкд


ПРОМО ЦЕНА 159 eвра /9.858  мкд за резервации до 10.11

Програма

Состанок на групата на Хотел Русија во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. По слободното време враќање кон Атина, а по пат  ќе го видите панирамски  градот Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција.. Враќање во хотел. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина. Ноќевање.
После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Сунион на 01.01.2025 е затворен, но се гледа од надвор, а погледот ќе ве воодушеви. По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 02.01 Вторник.

Што е вклучено

Автобуски превоз на дадената релација2 ноќевања со појадок во хотел во центарот на АтинаДочек на Нова Година на плоштад во АтинаПанорамски разглед со водичОрганизација на аранжманот и туристички пратител во текот на патувањето

Не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (45 €)-не е вклучена влезницата за театарот во Епидариус (12 евра)
  • Посета на Пирејa и Сунион (20€)
  • Влезница за во Акропол со водич (30 еур)
  • Туристичка такса 4евра за двете вечери( се плаќа во автобус)
  • Индивидуални трошоци
  • Пакет факултативи 90 евра

Tour's Location

From: €179,00
Total
€179,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options