10 Мај
Daily Tour
Неограничено
___
Локација
Хотелот е лоциран во областа Окурчалар, на 7км од Аланија и 125 км од аеродромот во Анталија.
Содржина
Хотелот располага со вкупно 400 соби. Стандардни соби (21м², спална соба и купатило, макс 2+1 + бебе), фамилијарни соби (25м², две соби одвоени со врата, купатило, макс 4 лица). Сите соби се модерно уредени, со купатило со туш, фен, сплит клима, телефон, мини бар (сокови и вода се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, плочки и балкон.
Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, храна за деца, вечера, вечерна ужина, А’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Сите увозни пијалоци, собна услуга, A’la Carteресторани ресторани доколку се користат повеќе од еднаш неделно, свежо цедени сокови, наргиле се наплатуваат.
Опис
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски, Италијански, Морски, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, снек бар, Диско бар, витамин бар. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, rent a car се наплатуваат.
Плажа
Хотелска плажа, лежалки, чадори, пешкири, душеци не се наплатуваат. Има тунел под патот до плажа.
Базени и активности
Отворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес, Турска бања, сауна, парна бања, пинг понг.
Водени спортови, Спа и Велнес центар, билијард, компјутерски игри се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми, жива музика, кино.
За деца
Мини клуб за деца со специјални програми, мини Диско и натпреварувања.