Daily Tour
Неограничено
___
Хотелот се наоѓа во областа Титрејенгул на 7 км од Сиде и 70 км од аердромот во Анталија.
Вкупно 360 соби во хотелска зграда и бунгалови.
Стандардни хотелски соби (25м², една спална соба со дупли кревет или два единечни кревети, софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Стандардни бунгалов соби во градина (25м², една спална соба со дупли кревет или два единечни кревети, софа, едно купатило, макс.2+1 лица).
Фамилијарни соби (43м², лоцирани во хотелската зграда, две спални соби одвоени со преграда, едно купатило, макс.4 лица).
Апартмани (90м², една спална соба и една дневна соба одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, бањарки, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (секој ден се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сет за кафе и чај, WI-FI интернет конекција, балкон или тераса, паркет или плочки на под, некои од собите се со француски балкон.
Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалоци – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, закуски рано наутро и доцна навечер, детско бифе во детскиот ресторан Elmo, катче за палачинки, ресторан за закуски на плажа, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во денот, пијалоци од концептот во Диско клуб, À la Carte ресторани – турски и италијански со претходна резервација и еднаш за време на престојот, диететско бифе и безглутенска храна на барање во главниот ресторан, Seastar ресторан за закуски со детско катче на плажа од 10:00 – 18:00 часот, слаткарница, пакуван сладолед.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење (соба за пеглање – бесплатно доколку гостите сами пеглаат), фризер, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. Wi-Fi интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.
Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Отворени базени за возрасни и деца, детски базени со сенки, аква парк, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, сауна, турска бања се бесплатни.
Со доплата: џакузи, масажа, осветлување за тениски терени, билјард, компјутерски игри, Wellness & SPA центар, сите спортови на вода.
Забавни програми во текот на денот покрај базен и на плажа, натпревари за возрасни и деца во шоу програмите во вечерните часови.
Специјален дел од хотелот за деца – Kid’s World – ресторан за деца со мали маси и столчиња, специјални места за играње во текот на денот, спални соби за деца и бебиња, базен со аква парк за деца, разни активности – готвење, садење цвеќиња, цртање на лица.