Daily Tour
Неограничено
___
Св.Стефан- Будва – Дубровник – Котор -Тиват – Порто Монтенегро
*МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА
29.12-02.01.2025 3 ноќевања
1 ден :29.12.2024(Недела) Велес
Состанок на групата . Бесплатни трансфери за патниците од Кавадарци,Неготино,Штип.Поаѓање од Велес за Црна Гора во вечерните часови-попатно земање на патници од Скопје и Куманово . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден : 30.12.2024 (Понеделник)- Будва -Св.Стефан
Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот…или прошетка за кафе или ручек по кејот на Словенска плажа во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег.Вечерта предновогодишна музичка програма пред платото на Стариот град.Ноќевање.
3 ден : 31.12.2024 (Вторник) Будва –Тиват -Порто Монтенегро – Будва
Денот е предвиден за уживање во Тиват каде се спојуваат природната убавина и луксузот.
Разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Комплексот Porto Montenegro нуди незаборавни искуства, од јахтирање до вкусна гастрономија. Погледите на морето и планините ќе ве остават без зборови, а историските споменици ќе ве запознаат со богатото наследство на регионот.Слободно време за ручек во Тиват.Враќање во Будва.Во вечерните часови музичка програма за дочек на Новата година со некои од најголемите музички имиња пред платото на Стариот град .Ноќевање.
4ден : 01.01.2025( Среда)Будва-Дубровник-Будва
Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски ѕидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва.Вечерта реприза на новогодишната ноќ со концерт пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.
5ден : 02.01.2025 (Четврток) Будва- Котор – Велес
Напуштање на апартманите.Можност за факултативна посета на Котор.
Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче кое се наоѓа на списокот на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола …. Стариот град всушност е најпознатиот дел на Котор, каде се зачувани которската историја, култура и традиција, а посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи.Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина со единствен поглед на Которскиот залив.Тргнување за Македонија попладне со попатни паузи и царински формалности.Очекувано пристигнување во Велес во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ………..139 ЕУР (8620,00 мкд )
ПРОМО ЦЕНА 109 ЕУР 6760,00 мкд
Во цената се вклучени следните услуги:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
– 3 ноќевања , сместување во вили;
– Организација, реализација и лиценциран придружник за време на целото патување.
Во цената не е вклучено:
– Посета на Дубровник 30 еур;
– Посета на Котор 10 еур
– Посета на Тиват- Порто Монтенегро 10 еур;
– Влезници за музеите и културно историските споменици;
– Задолжително патничко и здравствено осигурување;
– Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).
Напомена:
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;
– Уплата исклучиво во денари.