ИСТАНБУЛ

0 (Нема коментари)
From: €129,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

И С Т А Н Б У Л

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од  Кавадарци,Неготино,Велес,Скопје

Посетата на Истанбул не е само обична посета на еден град, тоа е буквално магија која после првата посета Ве прави зависник и посакувате повторно и повторно да го посетите овој магичен град, но зошто е тоа така?

Затоа што Истанбул е:

– Истанбул во 2023 година е избран за најпосетуван град во светот, посетен од над 20 милиони туристи.

 -Единствениот град во светот кој лежи на два континента.

– Без сомнение еден од најголемите градови во минатото и сегашноста, главен град на неколку империи, а денес најголем град во Европа.

– Градот во кој има топење на култури,традиции и обичаи, кој лежи на едно од стратешки најважното место на земјата.

– Со над 450 км крајбрежие распослан на двете страни од протокот Босфор, кој ги спојува Егејското и Мраморното море со Црното море

Нашата програма за посета на Истанбул е следна:

1 ден – 29.12.2024 (Недела)

Поаѓање од градовите

Скопје во пладневните часови

Велес:

Кавадарци

Гевгелија

2 ден- 30.12.2024 (Понеделник)

Пристигнување во предпладневните часови, оставање на багажот во хотелот кој се наоѓа во областа Аксарај или Лалели.

По краткиот одмор со локален водич го започнуваме разгледот на Европскиот дел на Истанбул.

Најпрво панорамски разглед на областите Аксерај и Лалели, Универзитетот Бејазит под Римскиот аквадукт,  Џамијата Сулејмание, покрај Египетскиот пазар, Галата мостот итн. Разгледот продолжува покрај заливот ”Златниот Рог” кој е долг 7 км и го дели европскиот дел на два дела и пристигнуваме до самиот крај на заливот каде што се наоѓа едно панорамско возвишување ”Пјер Лоти” по името на познатиот Француски поет, кој уживал на ова место во прекрасен поглед кон заливот и Истанбул, а Вие во прекрасниот поглед можете да уживате во утринското Турско кафе приготвено во жежок песок.

Потоа се упатуваме кон  христијанската населба Балат која е позната по многуте шарени куќи обоени во различни бои, кои и даваат посебен сјај на оваа населба, исто така овде се наоѓа и Вселенската патријаршија, старата Грчка гимназија и Железната црква која е градена од македонски мајстори и овде е закопан Партеније Зографски.

Таксим – плоштадот до кој се пристигнува по познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај а на другиот крај на улицата Истиклал се наоѓа кулата Галата.

По завршување на посетата на Таксим се упатуваме кон хотелот каде сместувањето е после 14:00 часот.

Слободно време за индивидуални активности со можност за индивидуална прошетка до Капали чаршија , Хиподромот на кој се наоѓаат Аја Софија, Сината џамија итн.

Можност за факултативна свечена вечера на 30.12.

Ноќно крстарење на Босфорот – факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и три вида мени по  избор.

Ноќевање.

3 ден 31.12.2024 (Вторник)

Појадок.

После појадокот се упатуваме на Крстарење по Босфорот, Долмабахче + Азиски дел на Истанбул.

– Долма Бахче палатата,утринското кафе може да го испиеме во ресторанот кој се наоѓа во дворот пред влезот на палатата, доколку има заинтересирани можност и за факултативна посета односно влезница (50евра) во палатата со локален водич. (Палатата во која е преточено целото богатство и раскош во кој уживале султаните, раскошот на внатрешноста може само да се доживее со посета на истата, за која се употребени 14 тони злато, 40 тони сребро прекрасни лустери 288 соби, 68 тоалети, прекрасни градини…)

– Крстарење по Босфорот (прекрасно крстарење покрај европскиот и азискиот брег на Босфор каде се наоѓаат палатата Долма Бахче, џамијата Ортакој, куќите на познати турски глумци,политичари и бизнисмени, многу од нив ќе ги препознаете од турските ТВ серии…)

–  Палатата Бејлербеи или некои уште ја опишуваат како минијатурна Долмабахче служела како летна резиденција на султанот исто така тука се одржувале многу забави за гостите, посебно во летниот период. Истотака место на многу рибни ресторани и место каде се снимени голем број од турските филмови.

– Кадикој е прекрасна облас во азискиот дел на Истанбул на анадолската страна кое е посебно омилено на локалното население затоа што тука може да вкусите прекрасна храна најдобрата пица во Истанбул. Областа изобилува со мали кафиќи, продавници раздвижен дел на Истанбул каде се наоѓаат големи станбени објекти посебно популарна е да се посети улицата Bahriye. Враќање кон хотелот.

Слободни активности.

*Можност за организиран дочек на Новата Година во ресторан или крстарење со брод (резервација и уплата при уплата на аранжманот).

*Можност на дочек на Новата Година (индивидуално на некој од плоштадите)

Ноќевање.

4 ден-01.01.2025 (Среда)

Појадок.

После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон шопинг центарот ”ФОРУМ” во чија близина се наоѓа и Декатлон.

Слободно време за шопинг.

Поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01.2025 (Четврток)

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ПРОМО ЦЕНА за резервација и уплата до 01.12.2024 -129 евра

(8.000 ден.)

Редовна цена: 149 евра (9240 ден.)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,

  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Истанбул,

  • Посета на шопинг центар ФОРУМ,

  • Профисионален туристички придружник,

  • Организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

ПАКЕТ – ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ (со локален Водич) – 30 евра

  • Панорамски разглед на Европски дел,

  • Пјер Лоти (жичара + локален водич),

  • Балат,

  • Вселенската Патријаршија,

  • Плоштадот Таксим

ПАКЕТ – КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР и АЗИСКИ ИСТАНБУЛ (со локален Водич) – 80 евра

  • Долма Бахче (се влегува во предворието каде може да се користи ресторанот покрај босфорот). За влез во палатата со локален водич има дополнителна доплата од 50 евра,

  • Крстарење по Босфор,

  • Панорамски разглед на Азиски дел,

  • Бејлербеи,

  • Кадикој.

Други дополнителни факултативи и влезници се :

  • Везница во палатата Долма Бахче(влезница + локален водич)- 50€,

  • 30.12.24 Ноќно крстарење на Босфорот – факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и три вида мени по избор – 50€,

  • 31.12.24 Дочек на НОВА ГОДИНА крстарење на Босфорот – факултативна можност за ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и мени по избор од понудените – 100е (задолжителна уплата во агенција)

    или

  • 31.12.24 GAR GAZINO традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и мени по избор од понудените 95e (задолжителна уплата во агенција);

  • Здраствено патничко осигурување (задолжително)- 350 ден,

  • Туристичка такса за целиот престој евра по лице (задолжително) се плаќа во агенцијата

  • Доплата за еднокреветна соба – 3.000 денари.

ЕВРОПСКИ ПАКЕТ+ПАКЕТ КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР и АЗИСКИ ИСТАНБУЛ = 100 евра

НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер затоа задолжително треба да се избере барем еден од понудените пакети.

Напомена:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

-Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;

-Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

-Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата.

-Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата.

-Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

-Доплата за дополнително седиште 100 евра;

-Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата, не постои можност за задржување на границата поради TAX FREE;

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

-Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;

-Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

-Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

-Уплата исклучиво во денари;

Локација мапа

Од: €129,00
Вкупно
€129,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options