Daily Tour
Неограничено
___
Дочек на Новата Година во Лутраки(Пожар) – Грција
30/12/2024 – 01/01/2025 (3 дена / 2 ноќевања)
1 ден.Скопје – Гевгелија – Лутраки 30.12.2024 (понеделник)
Состанок на групата во договорено време и место. Поаѓање кон Лутраки, со попатни паузи. Преку граничен премин Богорoдица, продолжуваме кон Јаница (Γιαννιτσά). Посета на Лидл и Џамбо во Јаница. Патот води кон Аридеа. Пристигнување во Лутраки (Пожар). Сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и можност за уживање покрај топлината на камините кои им даваат посебна убавина на објектите.
2 ден. Лутраки 31.12.24 (вторник)
Појадок. Организирана посета на термалните бањи. Слободно време за користење на базените со топла термална вода со температура од 37 степени. (задолжително понесете костим за капење и пешкир). Враќање во Хотел. Во договореното време поаѓање кон ресторантот. Дочек на Нова година, Свечена вечера со македонска и грчка музика.
3.ден Лутраки – Воден – Гевгелија – Скопје 01.01.25 (среда)
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Воден. Посета на катарактите и водопадот. Во доцните попладневни часови се упатуваме кон Македонија со попатни паузи.
Цена за хотелско сместување со појадок : 150 евра
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Влезница за топлите бањи
Индивидуални трошоци
Услови за деца: до 3 год. Бесплатно , за деца од 3 до 12 години се плаќа 50% од аранжманот (користат седиште во автобус, сопствен кревет и Н.Г вечера)