Опис
Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори во море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила.
Програма на патување:
1. Ден 07.03.2025 (петок) СКОПЈЕ – ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот на Борис Трајковски (кај пералните) во 00:00 часот, поаѓање за Евија во 00:30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект (возење 30мин) и пристигнување на вториот по големина остров во Грција, Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотелот Галини лоциран во прва линија од море. Краток пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се вливаат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.
2. Ден 08.03.2025 (сабота) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечерта, организирана осмомартовска вечера со забава. Ноќевање.
3. Ден 09.03.2025 (недела) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во договорено време поаѓање кон Агиос Кампос, качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена до 15.01.2025- 139€/8.618 ден
ПРОМО цена до 15.02.2025- 149€/9.238 ден
Редовна цена на аранжманот – 159€/9.858 ден
8-мо МАРТОВСКА АКЦИЈА – За група од 10 патници одобруваме -10% ПОПУСТ
– Промоцијата Важи на редовната цена –
Цена по лице за миним 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Галини 2* на база 2 ноќевања
– Исхрана на база на полупансион (појадок и вечера)
– Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа
– Организирана осмомартовска забава
– Организација и реализација со туристички придружник
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
– Факултативна посета на Прокопи 15€
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620мкд (мин. 2 седишта);
– Доплата за еднокреветна 30€/1.860мкд од цената на аранжманот;
– Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот;
– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд;
– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд;
– Доплата за дополнително седиште во автобус 65€/4.030мкд.
НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот пријавени.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ