ЛУТРА ЕДИПСОС

0 (Нема коментари)
From: €209,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори во море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила.

 

Програма на патување:

1. Ден 30.12.2024 (понеделник) СКОПЈЕ – ЕДИПСОС

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 00.30 часот.  Поаѓање за Евија во 01:00 часот после полноќ. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект, пловидба 30мин. Пристигнување на вториот по големина остров во Грција, островот Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотелКраток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се влеваат директно во Егејското Море. Слободно време одмор, релаксација и индивидуални активности, можност за користење на термалните извори на отворено. Ноќевање.

 

2. Ден 31.12.2023 (вторник) ЕДИПСОС  – АТИНА – ЕДИПСОС – ДОЧЕК НОВА ГОДИНА 2025

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на лулката на демократијата и главниот град на Грција, Атина. Рано наутро поаѓање кон Атина, бродски превоз со траект од Едипсос до Аркица, пристигнување во Атина претпладне, состанок со локалниот водич кој ќе не запознае со Атина преку панорамски разглед на градот со автобус: плоштадите Омонија и СинтагмаПарламентотЕвзонитеОлимпискиот СтадионХрамот на ЗевсАдријановата ПортаАкропол… Панорамскиот разглед завршува кај Акропол, можност за индивидуална посета со водичот на Акропол со доплата на лице место. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи низ Атина. Враќање кон Едипсос преку мостот кај Халкида, главниот град на островот со автобуски превоз по должина на островот. Пристигнување во хотелот во Едипсос. Вечерта, свечена новогодишна вечера и орагнизирана забава со диџеј во хотелот. СРЕЌНА НОВА 2025!!! Ноќевање.

 

3. Ден 01.01.2025 (среда) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС –

Доцен појадок. Откако убаво ќе се одмориме и појадуваме заминуваме на факултативна посета местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, поради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Ноќевање.

 

4. Ден 02.01.2024 (четврток) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило (докај 10-11 часот). Во договорено време со водичот на групата заминување кон Агиос Кампос,  качување на брод траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ПРОМО цена на аранжманот за пријави до 30.11.2024

-Хотел Диетенес Спа 3* – 239 €/ 14.818 мкд

– Галини Хотел 2 * – 209€/ 12.958 мкд

Редовна цена на аранжманот

-Хотел Диетенес Спа 3* – 259 €/ 14.818 мкд

– Галин Хотел 2 * – 229€/ 14.198 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Диетенес Спа 3* лоциран во центарот на Лутра
 или во Галини Хотел 2* на база 3 ноќевања
– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера)

– користење на базен со термални води само во Хотел Диетенес Спа 3*

– Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа

– Новогодишна свечена вечера и забава со диџеј
– Организација и реализација со туристички придружник

– Туристичка такса

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување

– Факултативна посета на Атина со локален водич – 40€ (доплата на лице место)

– Факултативна посета на Прокопи 15€ (доплата на лице место)  

– Индивидуални трошоци

 

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620мкд (мин. 2 седишта)

– Доплата за еднокреветна 60€/3.720 мкд од цената на аранжманот

– Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот

– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд

– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд

– Доплата за дополнително седиште во автобус 60€/3.720мкд

 

Напомени:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

Локација мапа

Од: €209,00
Вкупно
€209,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options