ПРОЛОМ БАЊА

0 (Нема коментари)
From: €329,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

Пролом Бања Нова Година 2025

 
Програма на патување:
1.Ден 30.12.2024  (понеделник) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
     Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 31.12.2024 (вторник) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Прослава на Нова Година со свечена програма и жива музика Ноќевање.
3.Ден 01.01.2025 (среда) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера со жива музика. Ноќевање.
4.Ден 02.01.2025 (четврток) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување кон Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
ПРОМО цена на аранжманот за резервации до 30.11.2024 – 329€/20.398 ден
Редовна цена на аранжманот  349€/21.638ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Со трансфер од Кавадарци
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во стандардни двокреветни соби
– Ихрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса)
– Секојдневно користење на Велнес центарот;
***отворено затворен базен со Пролом вода
***сауна
***солена соба
***џакузи со лековита Пролом вода
***парно купатило
***топли клупи тепидариум
***внатрешен базен со Пролом вода
– Новогодишна вечера со жива музика и неограничени домашни пијалоци (не вклучува виски, виљамовка и премиум вина)
– Вечера со програма и жива музика на 01.01.2025
– Користење сала за забава (сони, пинг понг, билијард, пикадо)
– Вежби во базен
Попусти и доплати:
– Деца до 7 год во придружба на 2 возрасни ГРАТИС
– Деца од 7 до 12 год. во придружба на 2 возрасни плаќаат 50% од цената на возрасен
– Доплата за еднокреветна соба 45еур на цената на аранжманот
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување
– Масажи
– Индивидуални трошоци
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ

Локација мапа

Од: €329,00
Вкупно
€329,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options