Daily Tour
Unlimited
___
Lonicera Resort & Spa 5*
Хотелот се наоѓа во Инчекум, на 98 км од аеродромот во Анталија и 20 км од Аланија.
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, бифе доцна навечер и рано наутро, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 02:30 часот, сладолед во одредени часови.
Хотелот има вкупно 823 соби.
Ресорт стандардни соби: (36 м², една соба со француски кревет + единечен кревет, макс. 2+1).
Ресорт фамилијарни соби (72 м², две одвоени соби , две купатила, макс.5+1 дете).
Сите соби имаат туш, фен, сплит клима уред, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (обична и минерална вода се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинатен под, WI-FI интернет е бесплатен, балкон.
Хотелска песочна плажа. Чадори, лежалки, крпи за плажа и душеци се бесплатни. Приватните павилјони се наплаќаат.
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, тобогани, тобогани, пинг понг, одбојка на плажа, фитнес центар, тениски терени, турска бања, сауна, парна бања.
Се наплаќаат: спортови на вода, масажа, пилинг, осветлување на тениските терени, куглање, билјард, компјутерски игри, центар за убавина и здравје, 105Х55м професионални фудбалски игралишта.
Забавна програма преку ден, натпревари покрај базенот и на плажа, шоу програма во вечерните часови.
Мини клуб за деца од 4-12 години со специјална прграма преку ден и навечер.