from 0 review
Daily Tour
Неограничено
___
1 ден – 06.11.2025 (Четврток)
Состанок на групата на аеродром во Скопје.
Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 18:50ч.
Пристигнување во 21:40ч. Организиран превоз со автобус до хотелот.
Сместување. Ноќевање.
2 ден – 07.11.2025 (Петок)
Појадок. Прошетка по булеварот Passeig de Gracia,каде што се
наоѓаат најдобрите брендови во градот како и многубројни вили со
автентична архитектура како што се Casa Mila, Majestic hotel, Casa
Batllo, Casa Amatller, Casa Lleo Morera и градскиот плоштад Plaça
Catalunya,на кој е лоцирана статуата Francesc Macia. Прошетката
продолжува по готскиот кварт на Барселона каде што се наоѓа
палатата на каталонската музика преубаво дело на архитектот Llouis
Domenech i Montaner. Разгледот завршува на плоштадот Placita de la
Seu, кај катедралата на Света Еулалија. Враќање во хотел. Ноќевање
.
3 ден – 08.11.2025 (Сабота)
Појадок. Посета на паркот Guell, проектиран од архитектот Гауди, и
на црквата Sagrada Familia, која е симбол на градот. Потоа следува
разглед на кулата Агбар и паркот De La Ciutadella, во кој се наоѓаат
дворецот Три Змеја, споменикот Каскада и Триумфалната капија.
Попладне, посета на плоштадот España и ридот Монжуик, каде се
наоѓаат Олимпискиот стадион, Олимпискиот плоштад и Националниот
музеј на уметност во Каталонија. Разгледот продолжува до
пристаништето каде може да ја видите статуата на Кристофер Колумбо
(Mirador de Colom), како и туристичката улица Ла Рамбла, со дела од
познатите архитекти Антонио Гауди и Палау Гуел, и прекрасниот
Кралски плоштад „Plaza Reial“. Следно се посетува марината Олимпик
со двете највисоки кули Hotel Arts и Mapfre, а потоа следи посета на
фудбалскиот стадион Камп Ноу и на музејот на стадионот. Ноќевање.
4 ден – 09.11.2025 (Недела)
Појадок. Факултативна посета на Монтсерат, каде што се
наоѓа Манастирот Монтсерат. Трансфер до аеродром.
Директен лет Барелона – Скопје. Поаѓање од Барселона во
дополнително договорено време со авиокомпанијата WIZZ AIR
во 22:15ч. Пристигнување во Скопје во 01:00ч.
Во цената се вклучени следниве услуги:
Авио билет на релација Скопје-Барселона-Скопје со Wizzair
Аеродромски такси
Бесплатен багаж 40x30x20 cm
3 ноќевања со појадок во хотел HTop Olympic 3* или сличен во
двокреветни или трокреветени соби, на база 3 ноќевања со појадок
(трето легло во собите е помошно (дополнително), цената е иста
како за стандардно легло). Цена и расположливост за
еднокреветна соба е на барање.
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
Претставник на македонски јазик
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за
целиот престој во Барселона
Важна напомена: 1. Времињата на поаѓање и пристигнување може да
бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај
програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните
корекции.
2. Во програмата имаме направено проценка во однос на запирањето, но
доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја
друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на
автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите може да не бидат во
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
Влез во туристичките знаменитости и музеи
Факултативни излети
Останати трошоци кои не се спомнати
Се препорачува на водичот да му се даде напојница не
помалку од 1 еур на ден од возрасно лице
Факултативни излети:
Автобуски превоз до Монтсерат – 15 еур.
Карта за влез во Манастирот во Монтсерат – 21 еур.
Карта за влез во Паркот Гуел – 11 еур.
Влезница за стадионот Камп Ноу е на барање и цената
зависи од денот на кој би сакале да го посетите стадионот.
Картите за стадионот се купуваат секогаш на шалтерот со
асистенција од водич. *НАПОМЕНА: СТАДИОНОТ Е ПОД
РЕКОНСТРУКЦИЈА