Божиќен базар Рим

Not Rated
Времетраење

Авион

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Вечниот град –  РИМ

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

Сите патишта водат кон Рим, е позната изрека, но и добар предлог за вашата следна Европска метропола… Историјата на Рим е богата и бурна, почнувајќи од приказната за за Ромул и Рем и како e создаден овој град на 7 ридови, градот има повеќе од 900 цркви… Пантеон бил најголемиот црковен храм сè до средината на 15, а главно седиште на папата била црквата Свети Јован Латеран… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, со базиликата на Свети Петар и музеите во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа,… Шпанските скали…

09.12   СКОПЈЕ – РИМ 
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 10.30 часот. Лет за Рим  во 12.35 часот. Слетување во Рим во 14.20 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино, од каде започнува приказната за Вечниот град, во придружба на локален водич, започнува панорамското разгледување на знаменитостите на Рим (2 часа): Аурелијански ѕидини, Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Св Петар и Павле, Каракалини терми, кејот на Тибар, замокот Ст.Анџело, Св.Петар, Св.Павле надвор од ѕидини, плоштадот Дел Попопло… Сместување во хотел. Во вечерните часови, придружувани од водичот на групата, посета на  плоштадот Навона каде ќе ја доживеете маѓијата на Божиќниот  базар. Прекрасна прилика да се ужива во културата на италијаните, пица, паста, вино, кафе… Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

10.12               РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар…. Слободно попладне за ручек. Организирана прошетка низ центарот на Рим, најпрепознатливите одбележја на градот, локации кои мора да се посетат во РИМ,  Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање… а веднаш потоа “дневна соба на градот” или Шпанските скали. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

11.12               РИМ – Колосеум и Римските форуми

Појадок. Препорачуваме (факултативно) – Анчки Рим – со влез во  Римските форуми и Колосеум, со локален водич –  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција… Пауза за руек. Во попладневните часови посета Пантеон, каде во околните ресторанчиња владее роматична атмосфера, мириса на прекрасна храна и се пие популарниот апреол. Во вечерните часови појвторо посета на плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки.  Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

 

12.12   РИМ – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за прошетки. Организиран трансфер (околу 11.30 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 14:55 часот. Пристигнување во Скопје во 16.40 часот.

Цена за рана уплата до 21.10

459€ / 28.460 мкд

Цена на аранжманот       529€ / 32.800 мкд 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер

  Аеродромски такси

  Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг

Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Сместување во хотел 3* ( локација на Термини) на база ноќевања со појадок

  Организиран панорамски разглед на Рим и пешачки разглед на Рим

  Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1.390 мкд (се плаќа во агенција)

Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање

Карти за локален превоз (метро)

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд

  Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница

задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра

Посета на Римските форуми и Колосеум со локален водич и влезница

задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра

Напомена:

–          Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

–          За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

–          За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

–          Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

–          Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

–          Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

–          Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

–          Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка

View More

Локација мапа

од €0,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

You might also like