Будимпешта 8ми Март

0 (Нема коментари)
From: €135,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

aтс

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

Покажи програма на тура

Будимпешта 8ми Март – Програма на Тура
Ден
1

(07.03.2024 – четврток) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден
2

(08.03.2024 – петок) – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден
3

(09.03.2024 – сабота)- БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време заминување кон еден од најголемите трговски центри во Европа – “Сити суд” http://www.scs.at. Слободно време за шопинг. Враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

Ден
4

(10.03.2024 – недела) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува попатна факултативна посета на Тропикариум http://www.tropicarium.hu. Слободно време за индивидуални активности. По договор со претставникот, поаѓање за Скопје.Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден
5

(11.03.2024 – понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Дополнителни информации

Во цената на аранжманот e вклучено :

– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,

– Сместување во хотел Di Verdi Imperial Hotel 4* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,

– Професионален туристички придружник од агенцијата,

– Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената на аранжманот не е вклучено :

– факултативи

– Влезници за музеи и културно – историски споменици

– Патничко осигурување

– Доплата за еднокреветна соба 75€

– Трансфер од Струмица, Битола и Прилеп до Скопје 10 евра во еден правец
Од Штип 5 евра трансфер до Скопје во еден правец

 

ФАКУЛТАТИВИ  :

  •    Разглед на Будимпешта со локален водич – задолжителна факултатива( уплата во агенција) – 15 €
  • Крстарење со брод по Дунав – 20 €
  • Посета на Виена – 35 € (минимум 30 патника за реализација на факултативата)
  • Посета на Сент Андреа –  20 €
  • Тропикариум (трансфер и влезница) – 20 €

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 99 € по лице

Локација мапа

Од: €135,00
Вкупно
€135,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options