ВИЕНА

0 (No Review)
From: €199,00
0
(0 review)
Check
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

About this tour

Виена 2НП – Нова Година

€189,00
ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Tермин: 29  Декември

1 ден  29.12.2024 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00 ч. и поаѓање за Виена . Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

 

2 ден 30.12.2024  – Виена

По пристигнување во Виена  почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  31.12.2024 Designer Outlet Parndorf – Братислава Шенбрун

Појадок. . После појадокот можност за излет до Братислава и еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг…  Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Виена. Ноќевање

4 ден  01.01.2025 Шенбрун – Виена – Скопје

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф), попладне  можност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена… слободно време за индивидуални прошетки и активности.

низ Виена. Во вечерните  часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  02.01.2025 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 10 Октомври: 189 €/ 11.720 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 199 €/ 12.340 ден.

 

 Во цената на аранжманот е вклучено

Превоз со високотуристички автобу

  • Сместување во Oekotel во Виена (околина) на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 20€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 50
  • Излет Братислава И Оutlet shoping center PARNDORF( превоз, разглед со локален водич)- 50
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  • Задолжително патничко осигурување –250 ден
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.500 ден
  • Туристичка такса 370 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 20 евра

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот треба да биде со важност мин. 3 месеци од денот на ваќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите

Tour's Location

From: €199,00
Total
€199,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options