Ормос Панагиас – Angelos Hotel 2*

0 (Нема коментари)
From: €0,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

ес

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

Локација и краток опис: хотел Ангелос 2* е лоциран во живописното Ормос Панагиас на вториот крак на Халкдики, Ситонија.  Хотелскиот комплекс е лоциран прва линија од море, располага со убаво уреден заграден двор, бар, ресторан таверна и убаво уредени, светли соби. Гостите имаат на располагање помал приватен паркинг за ограничен број на возила, во близина има и јавен бесплатен паркинг. Локацијата на хотелот е една од најатрактивните на вториот крак Ситонија и од таа причина овој хотел е погоден избор за сите кои сакаат да ги истражуваат најпопуларните плажи во овој дел на Халкдики.
Блиски содржини: на 100м од хотелот има неколку помали продавници и неколку таверни кои служат традиционална морска храна, поголеми туристички содржини има во блиското Никити кое е на 7км оддалеченост.
Сместување/соби: хотелот располага со вкупно 40 соби лоцирани во два блока. Собите се распоредени на приземје, прв или втор кат. Сите соби се опремени со соодветен мебел, тераса, тоалет со туш, клима, Wi-Fi пристап, ТВ, мини фрижидер, бокал за вода и комарници. Фен за коса и бебешко креветче се на барање на рецепцијата на хотелот без доплата.  Промена на пешкири и постелнина на секои 3 дена, чистење на собите секојдневно.
Плажи:
– Ормос Панагиас плажа на 20м
– Трани Амудиа плажа 450м
– Латура плажа 650м
– Лагониси 1,2км
– Талго плажа 1,8км
Услуга: ноќевање со појадок
Локација/ Кординати: 40.2335959,23.7317784
Цената вклучува:
– Сместување во избраниот тип на соба и термин
– Исхрана на база 7 ноќевања со појадок
Цената не вклучува:
– Автобуски превоз 45€ – 2.790ден за возрасен, 35€ – 2.170ден за дете 2 – 12год
– Туристичка такса 0,5€ од соба од ноќ доплата на лице место на рецепција
Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
Цените се дадени по лице, за минимум 2 лица во соба. 
 
АКЦИИ И ПОПУСТИ
-15% Попуст за резервации до 01.03.2024
-10% Попуст за резервации до 01.05.2024
ЗА КОМПЛЕТНИ УПЛАТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ -10%

Локација мапа

Од: €0,00
Вкупно
€0,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options