Сараево и Мостар 8ми Март

0 (Нема коментари)
From: €89,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

атс

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 89 евра
Ден
1

(07.03.2024) Четврток

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

Ден
2

(08.03.2024) Петок

Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување.

Ден
3

(09.03.2024) Сабота

Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија 😊 Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. Екскурзијата продолжува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 од Мостар, ВРЕЛО БУНA, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Место е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Исто така ова место е омилено за сите фотографи 😊 Групата има слободно време за прошетка и останати активности. По посетата групата се упатува кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Во Мостар има КВАРТ каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата БАЛАТ во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат. Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот. Слободно време околу 3 часа. Враќање во Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање.

Ден
4

(10.03.2024) НЕДЕЛА

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка . По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Локација мапа

Од: €89,00
Вкупно
€89,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options