Daily Tour
Unlimited
___
Локација: Хотелот Arabia Azur Resort се наоѓа во делот на Хургада наречен Ел Дахар или стариот град, на 3 км од Сакала и 8 км од аеродромот.
Сместување: Хотелот има 526 соби, сите соби едноставно но комфорно уредени. Имаат бања, фен, ТВ, мини бар, сеф, клима, тераса.
Содржини: Покрај главниот ресторан, гостите на хотелот имаат на располагање 3 a la carte ресторани: италијански, тајландски и интернационален. Хотелот нуди неколку барови, дискотека, салони за убавина, продавници, менувачница и услуги за перење и пеглање. Бесплатен интернет е достапен во лобито на хотелот. На гостите им е на располагање олимписки базен. Детско игралиште и мини клуб се на располагање на најмладите. Гостите на одморалиштето Arabia Azur можат да се забавуваат и да се рекреираат со играње тенис, сквош, одбојка на плажа, пинг-понг, пикадо, билијард или теретана. Куглање, нуркање, сурфање и многу моторизирани спортови на вода се достапни на дополнителни трошоци.
Плажа: Хотелот располага со голема приватна ппесочна плажа покрај две лагуни, како и дел кој излага на отворено море. Влезот во морето е директен и постепен, а на некои места влезот е со скалички. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни за гостите н хотелот. Локацијата е идеална за сите љубители на нуркањето, бидејќи се достапни корали со богат подводен свет.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски административни такси (50еур по лице, 35еур за бебе под 2години).
» Чекиран багаж до 20кг по лице.
» Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин и број на ноќевања, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).
» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.
» Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци.