Daily Tour
Неограничено
___
Локација: Desert Rose Resort е атрактивен хотел сместен на јужната туристичка обала од Хургада на сопствена плажа, оддалечен 10тина км од аеродромот и окулу 20 км од стариот центар на Хургада.
Информации: Станува збор за голем хотелски комплекс кој зафаќа површина од окулу 300.000 м2 оплеменета со пријатно уредени градини, паркови, неколку базени, содржини за деца, повеќе барови, ресторани, како и 6 сместувачки блока во кои има вкупно 912 соби. Хотелот има сопствена лагуна окулу која се простира убава песочна плажа со должина од речиси 1км, особено атрактивна за семејства со деца. Познат е по одличната услуга, богатите содржини и одличниот All Inclusive концепт.
Соби: Desert Rose Resort е голем хотел кој располага со 912 пространи и комфорни соби и апартмани современо опремени со бања, ЛЦД САТ ТВ, клима, сеф, мини бар, фен за коса, балкон или тераса. Собите се распределени низ 6 сместувачки блока.
– Стандардните соби се со површина од окулу 32м2 и може да имаат поглед кон градина, базен или кон страничен кон море.
– Супериор се соби кои се целосно реновирани во 2020 година и истите се наоѓаат во блокот кој е близу рецепцијата и аква паркот, како и главниот базен. Зафаќаат површина од окулу 32м2 и може да имаат поглед кон градините или кон базенот.
– Делукс Клуб собите се наоѓаат веднаш позади плажата на лагуната, со убав поглед кон плажата и морето. Како и другите, така и овие соби зафаќаат површина од окулу 32м2.
Хотелски содржини: Хотелот има еден главен и 4 а ла карт ресторани од кои 3 се бесплатни за користење со претходна резервација (мексикански, рибен, либански), а еден се наплаќа (италијански). Баровите низ хотелот се многубројни и речиси сите се вклучени во концептот All Inclusive. Во склоп на комплексот има и дискотека, интернет центар, театар на отворено, сервис за перење, интернет центар, продавници, менувачница, банкомат, фризерски салон, лекар, шатл сервис.
Спорт и забава: На располагање на гостите се три главни големи базени – базен без активности, олимписки базен и отворен базен со анимации и посебен дел за деца со 2 тобогана. Хотелот има и посебен аква парк со 6 тобогани, реновиран во 2021 година. Располага и со игралишта за различни спортови (одбојка, фудбал, кошарка, тенис), како и билјард, пинг понг, спортови на вода, спа центар, фитнес сала. Хотелот има активен аниматорски тим кои организираат разни анимации за своите гости во текот на целиот ден.
Плажа: Хотелскиот комлекс има сопствена лагуна окулу која се простира убаво уредена приватна песочна плажа со должина од речиси 1км, која е особено атрактивна за семејства со деца. Водата во лагуната е пријатно топла, мирна и не се повлекува значително дури и кога се најголемите осеки. Освен главната плажа окулу лагуната, хотелот има и две помали плажи кои излегуваат на отворено море, како и понтон. на овие плажи има делови со корални гребени кои ги привлекуваат заљубениците во снорклинг или нуркањето во живописните води на Црвеното Море. Лежалките и чадорите на плажа се бесплатни за користење за хотелските гости.
ЛИНК ДО ПРЕБАРУВАЧ ЗА ЦЕНИ https://grandtravel.com.mk/%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%82/