Giftun Azur Resort – ХУРГАДА

0 (Нема коментари)
From: €0,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

GIFTUN AZUR RESORT

Локација
Хотелот е на 3 км од аеродром во Хургада и на 7 км од центарот на градот. Поициониран е на почетокот на туристичката зона и шеталиште Мемша, веднаш до луксузниот Albatros White Beach. Овој хотел со 3* е сместен во бујна градина од палми, располага со 7 ресторани и 7 барови, пространи модерни соби со поглед на градина или море.

Сместување
Хотелот располага со 522 соби. Сите соби располагаат со клима, мини бар (само вода), сет за кафе и чај, телефон, сателитска ТВ, сеф (на рецепција), балкон или тераса, купатило со туш кабина или када, фен, Wi-Fi интернет во лобито е бесплатно, а во собите со доплата. Собите од “T Block” се неодамна реновирани.

Услуга
Сѐ вклучено.  Храна и пијалоци според хотелскиот концепт. All inclusive – шведска маса за појадок, ручек, вечера во главен ресторан, чај и закуски во снек ресторан на плажа во определени часови. Roxy бар и Swimming pool бар (со доплата од 00.00 часот до 09.00часот), Fresh juice бар со доплата. Рестораните El Dawar, El Gaucho, The Pirates (ресторан со морска храна), La Piazzetta (италијански ресторан) Asian Corner & Teppanyaki во период на рестрикциите за Covid 19 може да се затворени.

Содржини
Хотелот располага со ресторани и барови каде што се служат храна и пијалоци според All inclusive концептот на хотелот, 2 надворешни базена за возрасни и за деца, одбојка на плажа, тениско игралиште (доплата за осветлување и за часови по тенис), билијард (деца под 16 год со присуство на родител). Со доплата се разновидни спортови на вода, јавање камили.

Плажа
Хотелот има убава сопствена песочна плажа со постепен влез во вода. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.

» Аеродромски административни такси (50еур по лице, 35еур за бебе под 2години).

» Чекиран багаж до 20кг по лице.

» Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин и број на ноќевања, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).

» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.

» Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци.

Линк за пребарувач за цени  https://grandtravel.com.mk/%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%82/

Локација мапа

Од: €0,00
Вкупно
€0,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options