Daily Tour
Неограничено
___
ЛОКАЦИЈА: Хотелот е лоциран во Конакли регионот , 8км од Аланија и 115км од аеродромот во Анталија.
СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 320. Стандардни соби (32м², една спална, едно купатило, макс 2+2 лица). Сите соби се со купатило со туш, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар, сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, Wi-fi интернет, ламинат на подот, балкон.
СОДРЖИНИ: Главен ресторан–шведска маса, A’la Сarte ресторан, барови низ целиот хотелски комлекс. Доктор, фризер, продавници, телефон, факс, интернет дел, rent a car, чување деца, перална дополнително се наплатуваат. Wi-fi интернет конекција е бесплатна во лобито.
СПОРТ И ЗАБАВА: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, одбојка на плажа, пинг понг, кошарка. Спортови на вода, СПА& центар за убавина, масажа, билијард и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Забавни програми преку денот, натпревари на базен, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години и Јуниор клуб за тенејџери.
ПЛАЖА: Хотелска плажа -песочна и со ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски административни такси (40еур по лице / 20еур за бебе под 2години).
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.