Daily Tour
Неограничено
___
Локација: Хотелот е се наоѓа во областа Kargicak, 155 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на Аланија.
Сместување: Хотелот располага со 331 соби. Сите соби имаат купатило со туш кабина, фен, WRF клима, телефон, минибар, електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска LCD TV и музички канали, ламинат на подот, балкон, WI-FI интернет конекција.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, еден À la Carte ресторан-Турска кујна и рибен ресторан, лоби бар, барови кај базенот и на плажа. Доктор, фризер, перална, телефон, факс, интернет кафé и компјутерски игри се наплатуваат дополнително.
Отворен и затворен базен за деца и возрасни, лизгалици на вода, турска бања, сауна, тениски игралишта, фитнес центар, одбојка на плажа. Спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, СПА & салон за убавина, билијард, компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год, детско игралиште со различна програма и мини диско во вечерните часови.
Плажа: Хотелска плажа, песок со ситни камчиња, на околу 150м од хотелот, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски административни такси (40еур по лице / 20еур за бебе под 2години).
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.