Daily Tour
Неограничено
___
Локација: Nour Palace Resort & Thalasso се наоѓа во туристичката област Махдија, историскиот главен град на династијата Фатимид, на околу 6 километри од центарот, неговата медина, пристаништето и археолошките локалитети. Од аеродромот во Монастир е на 42 км и од аеродромот во Тунис на 209 км.
Соби: клима уред, сателитска ТВ, телефон, сеф, мини фрижидер, бања, балкон.
Содржини: рецепција, надворешен базен од 1600 м2, аква парк со 5 лизгалки (7 линии), затворен базен загреан во зима, детски базен, главен ресторан, два a la carte ресторани (италијански и туниски), скара ресторан „ El Bahr “ во близина на базенот , 8 барови, 5 лифтови, менувачница, продавници, модерен, добро опремен Thalasso & Spa центар, изграден 2002 година, на површина од 3400 m2, чии услуги вклучуваат: џакузи, кабини за масажа, амам, сауни, Kneipp. , базен со морска вода со џакузи и фитнес сала, детски базен, игротека и игралиште, лежалки, чадори и душеци за плажа и околу базен, крпи за плажа ( со депозит), Wi-Fi интернет на рецепција
Спорт и забава: мини клуб за деца 4-12 години, анимација, мини диско, игротека и игралиште, пинг-понг, лак и стрела, мал фудбал, одбојка, гимнастика на вода, две тениски игралишта, аеробик и пикадо.
Плажа: Хотелот се наоѓа на една од најубавите песочни плажи во Тунис. Лежалки и чадори на плажата се бесплатни за гостите на хотелот.
1 ден | СКОПЈЕ – МОНАСТИР (Тунис)
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон аеродромот “Habib Bourguiba International Airport” лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел покрај прекрасните песочни плажи на Медитеранскиот Брег во некој од туристичките региони Хамамет, Сус, Монасти или Махдија, согласно бројот на резервираните ноќевања ( 6, 9, 10 или 13 ноќи / 7, 10, 11 или 14 дена) во зависност од аранжманот и терминот. Информативен состанок со локални претставници и можност за бројни факултативни излети.
Последен ден | МОНАСТИР (Тунис) – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Монастир во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.