А
Daily Tour
Неограничено
___
Локација: Vincci Rosa Beach & Thalasso се наоѓа во хотелскиот регион Сканес-Монастир. Од аеродромот во Монастир е оддалечен околу 2 километри, од аеродромот во Тунис околу 170 километри и од центарот на Монастир околу 5 километри.
Соби: клима уред, мини бар, телефон, сеф (се доплаќа), сателитска ТВ, интернет, бања, фен, балкон или тераса.
Содржини: рецепција 24/7, главен надворешен базен, внатрешен базен (во зима), главен ресторан и два a la carte ресторани (италијански и туниски), лоби бар, бар на плажа (01.05-31.10), бар покрај базен, вински бар, спа центар. Интернет во фоајето и во собите.
Спорт и забава: Хотелот располага со бројни објекти за спорт и забава, лежалки и чадори околу базенот и на плажа, крпи (со депозит), интернет во фоајето и во собите, спортови на вода за кои не е потребен мотор (сурфање, педалинки), детски клуб (4-12 години), игралиште, детски базен, лак и стрела, одбојка, пинг-понг, куглање, ватерполо, фитнес, аеробик, аква теретана, мини голф, дневна анимација, вечерни забави, соба со друштвени игри ( шах, табла, карти). Увозни пијалоци, наргиле, вински бар, сеф, душеци за лежалки, спортови на вода со мотор, чување деца, видео игри, билијард, перална, лекар, спа (масажа, амам, козметичар, фризер) се услуги кои се користат со доплата.
Плажа: Хотелот се наоѓа на прекрасна плажа со бел песок.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси – се плаќаат на рецепција во хотелите
1 ден | СКОПЈЕ – МОНАСТИР (Тунис)
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон аеродромот “Habib Bourguiba International Airport” лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел покрај прекрасните песочни плажи на Медитеранскиот Брег во некој од туристичките региони Хамамет, Сус, Монасти или Махдија, согласно бројот на резервираните ноќевања ( 6, 9, 10 или 13 ноќи / 7, 10, 11 или 14 дена) во зависност од аранжманот и терминот. Информативен состанок со локални претставници и можност за бројни факултативни излети.
Последен ден | МОНАСТИР (Тунис) – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Монастир во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден).