Daily Tour
Unlimited
___
Локација: Solymar Soma Beach е новоотворен хотел и член на ланецот хотели JAZ. Хотелот се наоѓа во Soma Bay помеѓу хотелите Carribbean Soma Bay и Sentido Palm Royale, оддалечен на 45 км од меѓународниот аеродром во Хургада.
Сместување: Хотелските соби се модерно опремени со клима уред, телевизор со сателитски канали, туш, фен, гардеробер и приватна бања.
Хотелот содржи два базени, детски клуб и базен со тобогани, пинг-понг, билјард, игралиште за одбојка на плажа, куглање, јавање камила, Спа Мивида, центар за нуркање и спортови на вода, како и сурфање на ветер, амфитеатар со разни програми и анимации. Исто така, има неколку ресторани: главниот ресторан Оазис, Ремал ресторан на плажа, ориентален ресторан Фајруз, италијански ресторан како и барови: Барот Лаунџ во лобито, бар во базен, бар Waves на плажа и Шиша Корнер.
Плажа: Приватната песочна плажа е една од најубавите долж брегот на Црвеното Море. Лежалки и чадори на плажа и базен се бесплатни.
Услуга: All Inclusive, all inclusive според хотелските правила. Оброците се служат на бифе – самопослужување.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски административни такси (50еур по лице, 35еур за бебе под 2години).
» Чекиран багаж до 20кг по лице.
» Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин и број на ноќевања, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).
» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.
» Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци.