SULTAN OF SIDE-СИДЕ

0 (No Review)
From: €0,00
0
(0 review)
Check
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

About this tour

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА: Хотелот се наоѓа во регионот Evrenseki. Оддалечен е околу 12 км од Манавгат и околу 65 км од аеродромот во Анталија.
СМЕСТУВАЊЕ: Хотелот во својата понуда има вкупно 334 соби.Секоја соба е опремена со: бања со када или туш, фен, клима, директен телефон, мини бар, сеф (се доплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.
СОДРЖИНИ: Хотелот во својата понуда има главен ресторан со отворено бифе – самопослужување, избор на повеќе јадења (шведска маса), ресторани A’la Carte (турски, италијански, риба), барови, диско клуб. Услуги со доплата се: лекарска услуга, чување деца, фен за коса, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење алишта, хемиско чистење, пеглање, трговски центар, изнајмување автомобили. Wi-Fi (мала брзина) е бесплатно во лобито.
Хотелот има внатрешни и надворешни базени за деца и возрасни, аква парк, фитнес, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг, забавна програма со професионален тим во текот на денот, вечерно шоу, мини кино, мини клуб за деца од 04 до 12 години , игралиште, разни програми во текот на денот, мини дискотека навечер.Услуги со доплата се: спортови на вода, велнес центар и салон за убавина, масажа, билијард.
ПЛАЖА: Хотелската плажа е песочно-камчеста. Се наоѓа на околу 250 метри од хотелот (5 минути пешачење). Лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.

Tour's Location

From: €0,00
Total
€0,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options