А
Daily Tour
Неограничено
___
Thalassa Mahdia
Локација: Хотелот се наоѓа на околу 4 километри од градот Махдија и неговото живописно пристаниште. Аеродромот во Тунис е оддалечен 218 километри, а Монастир е 44 километри.
Соби: Распределени во зграда од 3 ката хотелот има вкупно 233 соби со балкон или тераса. Сите соби имаат бања со фен, клима уред, телефон, сеф и мини бар (се доплаќа), сателитска ТВ.
Содржини: Хотелот располага со главен ресторан со внатрешен и надворешен дел на тераса, два ресторани, 5 барови, соба за багаж, продавница, менувачница, продавница за сувенири, клиника, сала за состаноци и банкети, салон за убавина, перална (се доплаќа), надворешен базен , детски базен, Elyssa Thalassa Спа центар (сауна, турска бања, џакузи), диско. Wifi интернет е достапен низ целиот хотел со доплата. Има отворен (сезонски) и затворен (во текот на целата година) слатководен базен и посебен внатрешен базен со солена вода во рамките на центарот на таласо. Одредени хотелски услуги бараат претходна резервација, доплата или депозит кој се враќа при поаѓање.
Спорт и забава: Многу активности се достапни за гостите на хотелот. Тениски терени, терени за мини голф, детско игралиште, терени за кошарка, фудбал, одбојка, куглање, пинг понг, мини клуб за деца од 4-10 години, како и програма за анимација за деца од 10-14 години. Реквизитите за немоторизирани спортови како кану, педалинки и сурфање на ветер се изнајмуваат на плажа и се бесплатни, додека моторизираните спортови се доплаќаат.
Плажа: Приватна плажа со ситен бел песок. Лежалки и чадори на базен и на плажа се бесплатни, додека за пешкирите се бара депозит.
Цените дадени во табелата се за 2 лица
22.06. | 6 ALL за двајца | 943 еур |
29.06 | 6 ALL за двајца | 976 еур |
06.07 | 6 ALL за двајца | 1.070 еур |
13.07 | 6 ALL за двајца | 1.148 еур |
17.07 | 6 ALL за двајца | 1.148 еур |
20.07 | 6 ALL за двајца | 1.148 еур |
24.07 | 6 ALL за двајца | 1.148 еур |
27.07 | 6 ALL за двајца | 1.148 еур |
31.07 | 6 ALL за двајца | 1.148 еур |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси – се плаќаат на рецепција во хотелите
1 ден | СКОПЈЕ – МОНАСТИР (Тунис)
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон аеродромот “Habib Bourguiba International Airport” лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел покрај прекрасните песочни плажи на Медитеранскиот Брег во некој од туристичките региони Хамамет, Сус, Монасти или Махдија, согласно бројот на резервираните ноќевања ( 6, 9, 10 или 13 ноќи / 7, 10, 11 или 14 дена) во зависност од аранжманот и терминот. Информативен состанок со локални претставници и можност за бројни факултативни излети.
Последен ден | МОНАСТИР (Тунис) – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Монастир во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден).