ПАРАЛИЈА-ЛИТОХОРО-ЛУТРАКИ – 8 Март

0 (Нема коментари)
From: €109,00
0
(0 review)
Check
Времетраење

арк

Тип на патување

Daily Tour

Големина на групата

Неограничено

Јазици

___

Опис

8 МАРТ СОЛУН | МОРЕ И БАЊА | ПАРАЛИЈА-ЛИТОХОРО-ЛУТРАКИ-ВОДЕН

Цена на аранжманот      109 €      (6.700 мкд)

1 ден: 08.03.2024

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула… Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski. Попладне поаѓање за Паралија. Пристигнување и сместување во хотел. Вечерта организирана факултативна свечена вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Ноќевање.

2 ден: 09.03.2024

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Пожарските бањи, (произлезени од словенскиот збор „Пожар“ што значи оган или топлина), познати како Бањи во Лутраки, Бањи на Аридеја или едноставно Бањи. Станува збор за минерални извори кои се наоѓаат под планината Кајмакчалан и никнуваат на температура од 37°Cсо извонреден хемиски состав (калиум, натриум, манган, магнезиум, силициум, флуор, железо и литиум). Топлата вода има лековито дејство и се пие. Посетителите ги користат за бањска терапија, стимулација и релаксација, додека водите помагаат во борбата против циркулаторните, респираторните, ревматските, гинеколошките и дерматолошките заболувања. Бањите во Лутра Пожар се отворени во текот на целата година, овозможувајќи незаборавно спа искуство. Има многу спа објекти за уживање на посетителите, вклучувајќи ги водопадите и надворешните базени и многу приватни затворени базени и амами за третмани и капење. Слободно време за користење на бањите или прошетка по околната природа. Во областа е откриен комплекс од околу 15 пештери, со изобилни наоди од праисторијата, кои се изложени во малиот музеј Лутра. Областа е прогласена за пештерски парк и е прва од ваков вид во Грција.

Во договорено време заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот. Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал. Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода.

3 ден: 10.03.2024

Појадок. По појадокот следува слободно предпладне во Паралиа за шопинг.

Заминување на излет до Литохоро. Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки.

Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел 3* во Паралија на база две ноќевања со појадок
  • Посета на Литохоро и и манастирот Св. Дионисиј
  • Разгледување и шопинг во Солун
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Бањите во Лутраки и Воден – 15 еур (минимум 35 лица пријавени за реализација)
  • Свечена вечера во таверна во Паралија
  • Влезници за посетите
  • Патничко осигурување (задолжително)

Локација мапа

Од: €109,00
Вкупно
€109,00

Owner

Valentin

Member Since 2022

Explore other options